Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сполстра е новиот селектор на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Сполстра е новиот селектор на САД
СПОРТ

Сполстра е новиот селектор на САД

Објавено October 10, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.

Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.

Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.

Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.

Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синоќа тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец – приведени две лица
Следна Статија (Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка

Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа вечерва над Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не…

February 25, 2025
СПОРТ

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки…

July 22, 2025
СПОРТ

Грчките ракометари се исплашија да играат во Скопје, ЕХФ прифати мечот со Партизан да се игра во Бугарија

Реваншот од четвртфиналето на Купот на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК се игра во понеделник од 11 часот во Бугарија!…

April 3, 2025
СПОРТ

Ливерпул е институција: Ќе го исплати целиот договор на Жота

Ливерпул е институција. Клубот донесе одлука  да го исплати целосно договорот на Жота  кој беше со важност до 2027 година…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?