Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина
ЕКОНОМИЈА

Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина

Објавено October 10, 2025 15:53
Сподели
Сподели
Адвокатката Маја Ристова, која ја застапува фамилијата на работникот од Кина што неодамна почина на работното место, јавно го обвини сопственикот на компанијата „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев, дека ѝ забранил влез во фабриката за време на посетата со клиентите и дека се однесувал крајно некултурно, објави „Револуционер.мк“.

Ристова најави темелна истрага за случајот и порача дека нема да дозволи тој да биде заташкан.

Адвокатката истакна дека медиумите „случајно или намерно“ не ја објавиле фирмата каде што почина 38-годишниот работник од Кина.

Таа тврди дека сопственикот, кој го нарече „локален шериф“, го ангажирал работникот, иако не му бил регулиран престојот и работниот однос.

Адвокатката Ристова ја искористи јавноста да му порача на Гечев дека нема да подлегне на притисоци.

​„Јас сум адвокатка која својата работа ја темели на закон, на вистина и на правда. Не се плашам од титули, ‘моќници’, ниту ме засега кој од која политичка партија е. Јас сум адвокатка која ќе се погрижи институциите да ја завршат својата работа – законски, транспарентно и до крај. Ќе се отвори секој документ, ќе се разгледа секој доказ, и ќе се чуе гласот на оние кои немаат можност сами да се бранат“ нагласи Ристова.

​Таа додаде дека навредите не ја допираат, туку ја мотивираат повеќе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“
Следна Статија Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Прогноза на Eвропската комисија: Македонија, Албанија и Србија со највисок економски раст

По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи…

May 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Гунвор“ се откажа од купување на „Лукоил“

Министерството за финансии на САД објави на социјалната платформа „Икс“ дека аквизицијата странските подружници на „Лукоил“ од страна на „Гунвор…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на цената на нафтата, раст на златото и на пченицата на европските берзи

Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?