Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп се налути: Најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп се налути: Најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
СВЕТ

Трамп се налути: Најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина

Објавено October 11, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи.

Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно непријателско писмо до светот, со кое најавува дека од 1 ноември 2025 година ќе воведе широки контроли на извозот за речиси сите производи што ги произведува – и за некои што дури и не ги произведува, напиша Трамп на платформата Трут Соушл.

Почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од постапките на Кина), САД ќе воведат 100-процентна дополнителна царина на сите кинески производи, покрај постојните царини. Истовремено, ќе воведеме и контроли на извозот на целокупниот критичен софтвер – додаде тој.

Претходно вчера, Трамп на социјалните мрежи изрази сомнеж дали планираната средба со кинескиот претседател ќе се одржи, откако Пекинг наводно испратил писма до повеќе држави во кои најавил ограничувања на извозот на ретки метали и други материјали. Трамп рече дека „изгледа нема причина“ да се сретне со претседателот на Кина, Си Џинпинг за време на неговата посета на Јужна Кореја.

Ова се појави од никаде, рече Трамп, додавајќи дека таквите потези може да ја парализираат светската трговија и да наштетат на голем број земји. Тој оцени дека Кина станува сè „понепријателска“.

Трамп и Си требаше да се сретнат на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој почнува кон крајот на октомври.

Синоќа, Трамп пред новинарите во Овалната сала изјави дека средбата сè уште не е откажана.

Не, не сум ја откажал, но не сум сигурен дека ќе се одржи. Јас ќе бидам таму, па претпоставувам дека можеби ќе ја имаме, рече тој.

По неколкумесечна пауза во трговскиот спор меѓу двете земји, во април САД и Кина повторно си воведоа меѓусебни царини поголеми од 100 проценти.

Во четвртокот, Пекинг објави дека ги проширува ограничувањата за извоз на ретки земни метали – материјали клучни за американската индустрија. Според Министерството за трговија на Кина, технологиите и експертизата за екстракција и обработка на овие материјали во иднина ќе може да се споделуваат само со одобрение од властите.

За првпат, ограничувањата ќе опфатат и производи надвор од Кина што содржат ретки метали со кинеско потекло или користат кинески производствени процеси. Компаниите што ќе извезуваат такви производи ќе треба да добијат дозвола од кинеските власти од 1 декември.

Кина воведе и нови ограничувања за уште пет ретки метали, со што вкупниот број на засегнати материјали се искачи на 12, како и на одредени батериски материјали и графитни производи, со важност од 8 ноември.

Кина е најголем светски производител на ретки земни метали, неопходни за голем број современи уреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Филмски грабеж во златара во Гостивар: Полицијата уште трага по маскираните кои побегнаа со црн џип
Следна Статија Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мадуро од притвор во САД: „Се справуваме добро, ние сме борци“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“, изјави неговиот син…

January 11, 2026
СВЕТ

(Видео) Нова авионска несреќа во САД: експлодираше медицински авион, нема преживеани

Медицински транспортен авион со шест лица се урна во станбена населба во Филаделфија набргу по полетувањето, а според првичните информации…

February 1, 2025
СВЕТ

Протести во Лос Анџелес: Фрлен молотов коктел врз полицијата, масовни апсења

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, воведе полициски час во центарот на градот, кој беше на сила од 20 часот…

June 11, 2025
СВЕТ

(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја

На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?