Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доделени наградите 11 октомври – Признание за животно дело на најистакнатите имиња од науката и уметноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доделени наградите 11 октомври – Признание за животно дело на најистакнатите имиња од науката и уметноста
МАКЕДОНИЈА

Доделени наградите 11 октомври – Признание за животно дело на најистакнатите имиња од науката и уметноста

Објавено October 11, 2025 16:01
Сподели
Сподели

Во чест на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска во „Кристалната сала“ на Собранието беа доделени Државните награди „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и јавниот интерес.

Оваа година, наградата за животно дело во областа на културата и уметноста им беше доделена на актерката Теута Ајдини-Јегени, проф. Летка Димовска-Полизова, и продуцентот Иво Јанкоски, а во науката и образованието – на проф. д-р Константин Димитров и академик Глигор Јовановски.

Наградите ги врачуваше професор доктор Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет и претседател на Одборот за доделување на наградата.

– Ова не е само награда, туку и обврска, обврска да се продолжи патот на нашите претци преку наука, култура и општествена одговорност. Лауреатите се жив доказ дека револуционерниот дух не згаснува, туку се преобразува во идеи и дела што ја градат нашата иднина – истакна Антовиќ.

Тој додаде дека Македонија денес претставува „вистински мозаик на традиции“, кој придонесува за нејзината богата духовна, културна и научна сцена.

– Додека се навраќаме на храброста од 1941 година, мора да ги препознаеме и предизвиците со кои се соочуваме денес, патот кон Европската Унија бара системски реформи, повеќе отчетност и посилни институции – рече тој, нагласувајќи дека образованието и знаењето се темелот на секоја просперитетна држава.

Признание за врвни имиња од македонската култура и наука

На настанот беше истакнат придонесот на добитниците:

Теута Ајдини-Јегени – актерка со импресивна кариера и бројни главни улоги во театар, телевизија и филм.

Летка Димовска-Полизова – хорски диригент и културен амбасадор кој ја афирмира македонската сакрална и профана музичка традиција ширум светот.

Иво Јанкоски – продуцент и промотор на македонската култура и уметност преку музика, филм, дизајн и сценски проекти.

Академик Глигор Јовановски – врвен научник во областа на хемијата со меѓународно признат истражувачки придонес.

Проф. д-р Константин Димитров – водечки експерт за енергетска ефикасност и одржлив развој, со повеќедецениска работа во науката и иновациите.

Од името на добитниците, се обрати професорот Константин Димитров, кој истакна дека признанието е инспирација за сите идни генерации.

– Оваа награда е доказ дека со истрајна работа и љубов кон татковината, успехот е достижен. Нека биде поттик за младите дека Македонија ќе расте преку знаење, уметност и човечност – рече Димитров.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка
Следна Статија Осумнаесетгодишен скопјанец силувал девојче: Таткото пријавил по пет месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци

Системот „Сејф сити“ успешно ги регистрира сообраќајните прекршоци на патиштата, но засега не е во можност да ги санкционира возачите…

June 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ќе се прави вонредна инспекција на сите дискотеки, ноќни клуби и ресторани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби на распит во Обвинителството

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?