Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација

Објавено October 11, 2025 23:11
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.

Мицкоски во својот говор се осврна и на националните теми на францускиот предлог и договорот со Бугарија и истакна дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите е чиста капитулација, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи предавства и потценување на државата.

„Во однос на националните теми и францускиот предлог и договорот со Бугарија сакам да му порачам една јасна работа – дека има разлика од капитулација и борба. Капитулацијата е најлесна, и само човек без морал може да ја гледа како визија и одлучност. Не треба одлучност и визија да ги продадеш националните интереси, за тоа ти треба едноставно да немаш морални граници и елементарно чувство за тоа што е национален интерес. Затоа ви е чудно кога не попуштам со Бугарија и кога се борам заедно со луѓето од Владата. Најлесно е да капитулираш, најтешко е да се бориш. Во борбата ќе имаш и неуспеси, и сопки од домашни предавници, кои ќе ти работат зад грб, но секогаш ќе знаеш дека победата е одговорност а целта е највисока, одбрана на националните интереси. Во борбата секогаш ќе знаеш дека народот е на твоја страна се додека гледаат во тебе искреност и чесност во намерата. Одговорно тврдам дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите беше чиста капитулација и тоа во некои случаи директно поврзана со корупција на високи функционери, но ќе дојде време и за тоа ќе зборуваме повеќе. Консензус со СДСМ за прашањето за Бугарија е исто како да имаш консензус со крадец на банки да отвориш банка. Додека нема јасен план со јасни и гаранции со кои ќе се врзат рацете на секој што сака да направи предавство и сега и во иднина нема шанси за разгвор на оваа тема“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври.

„Доаѓа време на работа, време на чест, време на резултати! И кога ќе ја погледнеме иднината, ќе можеме да кажеме со гордост: Да, ова беше вистинскиот избор. Ова беше нашиот човек. Ова е нашето место. И да, ние ова место го одбранивме, и заедно ја изградиме нашата иднина. На 19 октомври да гласаме за број 9“ заклучи Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази
Следна Статија Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…

На локалните избори ќе видиме каков ќе биде резултатот на опозицијата и ако биде добар, а ние како Влада бидеме…

November 20, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во Обединетите Арапски Емирати,…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Без Албанците на Македонија деновите ѝ се избројани

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од Тирана ги повика властите во Скопјe да ги почитуваат постигнатите…

April 15, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?