Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8%
ЕКОНОМИЈА

Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8%

Објавено October 18, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.
Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет.
Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.

Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.

Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.

Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.

Раст на БДП 2024

Македонија 1,8%

Босна и Херцеговина 2,8%

Албанија 3,3%

Црна Гора 3,4%

Косово 3,8%

Србија 3,8%

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар
Следна Статија Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мемов: Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно

Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ Никола Мемов.…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добиое поддршка за нов гувернер…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?