Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена
ХРОНИКА

„Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена

Објавено October 18, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека ќерка му е исчезната, но нам ни беше чудно како веднаш можеше да се заклучи дека станува збор за киднапирање. Во вакви случаи, се очекува прво да се провери кај другарки или во околината, а не веднаш да се алармира полицијата, сведочеше на денешното рочиште наачалникот на единицата за насилен криминал Дејан Димовски.

Според началникот, при првите разговори со родителите, вклучително и со мајката Зорица Ѓорчевска, беше споменат претходен конфликт што Вања го имала на училиште. Ова ја зголеми загриженоста кај истражителите, но нелогичностите во случајот продолжија да се собираат.

-Ми се јави началникот Музафер Каришиќ ми рече дека мора да се вклучиме и ние, бидејќи имаше информации од родителите дека може да биде грабната. Иако во тој момент немаше никакви докази. Ние одлучивме дека имаше доста нелогичности и одлучивме дека мора веднаш да почнеме со работа. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и класната раководителка. Не ни беше јасно како можеше толку брзо да се алармира дека девојчето е киднапирано. Мајката во 8 часот и 2 минути одма пријавила дека има исчезнато девојче. Нормално би било прво да проверат да не е кај другарка, а не веднаш да известат дека е исчезната. По разговорот со класната ни стана јасно, бидејќи претходниот ден Вања имала проблем во училиште претходниот ден со друго дете за некоја книга и претходната вечер класната разговарала со мајката Зорица и се договориле дека следниот ден ќе ги расчистат сите работи на класен час. Прашувавме за врските, односите во семејството и дали и претходно се случувало да ја нема Вања. Подоцна започна потрагата низ парк и центарот на Скопје, тоа беше на полноќ. Се вратија и рекоа дека нема ништо. На помошникот му беше чудно, затоа што таткото не излегувал од кола, додека излегувале да пребаруваат. Таткото велеше: Џабе пребарувате, сигурно е киднапирана, можеби и убиена. Се вршеше потрага и во Охрид, бидејќи таму имала стан. Ни беше нејасно дека цело време таткото велеше дека е киднапирана, и во еден момент им реков ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага. Тие мора да се јават и да ве контактираат им реков. Мајката гледаше во телефонот но немаше повик. Останавме до 4-5 утрото. Сабајлето повторно продолживме, рече Димовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно
Следна Статија Мицкоски: Повеќе од 700 дечиња ќе може да стекнуваат знаење во новото училиште во Ченто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче таткото на Вања се обрати до Велибор Манев и го праша…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Почина тримесечно бебе во Шутка

На 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?