Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети
БАЛКАН

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Објавено October 13, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Албанското Министерство за внатрешни работи од денес ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ земјата, со цел зголемување на јавната безбедност.

Министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, денес ги претстави новите мерки, нагласувајќи дека одлуката е донесена по бројни поплаки од граѓани и извештаи на Државната полиција за зголемен број инциденти поврзани со овие превозни средства.

„Податоците покажуваат дека електричните тротинети сè почесто предизвикуваат сообраќајни инциденти, при што најмногу се загрозени малолетниците и постарите лица“, изјави Кочиу.

Таа додаде дека забраната ќе трае додека не се изготви нова регулаторна рамка, која ќе ги дефинира дозволените патишта и простори за тротинети, старосните ограничувања, заштитните мерки (како носење шлемови и осветлување), како и ограничувањата на брзината.

Министерката потсети дека слични мерки веќе се применуваат во Франција, Италија и Германија, каде што властите вовеле делумни или целосни забрани за електричните тротинети поради слични безбедносни причини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mу го прекинаа раатот во Дубаи: Заев се врати во Струмица да ја дозакопа СДСМ пред избори
Следна Статија Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Српска туристка се удави на Лефкада

Српска туристка (66) се удави во вторник во грчкото одморалиште Нидри на островот Лефкада, објавува порталот „Синидиси“. Откако беше извлечена…

August 6, 2025
БАЛКАН

Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“

Статистиката за присилниот брак на малолетниците, па дури и нивната продажба, укажува дека состојбата во БиХ е алармантна, а повеќето…

December 24, 2024
БАЛКАН

Ужас во Словенија: Жена почина од каснување од поскок, прв таков случај по неколку децении

По неколку децении, во Словенија е регистриран првиот смртен случај предизвикан од каснување од змија. 80-годишна жена била касната за…

June 26, 2025
БАЛКАН

Маж и жена убиени во Албанија – напаѓачите пукале од возило во движење

Албанската јавност попладнево ја вознемири тежок вооружен инцидент што се случил во селото Балдре, во близина на Лежа, при што…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?