Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути
МАКЕДОНИЈА

Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути

Објавено October 13, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во
однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа
(2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации.

Во уделот по број на активни претплатници, заклучно со 31 март година, А1 Македонија учествува со 47,69 проценти, Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ има пазарен удел од 3,83 проценти, Телекабел од 1,34 проценти, Мтелмобајл од 0,38 проценти, Греен Мобиле од 0,10 проценти.  За период од четири квартали Македонски Телеком бележи раст од 0,09 процентуални поени, А1 Македонија пад од 0,21 процентуален поен,  Телекабел раст од 0,05 процентуални поени, МТЕЛ бележи раст од 2,75 процентуални поени, а  Греен Мобиле не забележува промена.

Најголем пазарен удел според приходи има Македонски Телеком со 49,77 проценти, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,71 процент, МТЕЛ од 1,34 проценти, Телекабел од 0,81 процент, Мтелмобајл од 0,25 проценти, а Греен Мобиле од 0,12 проценти.

Во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно зборувале 226,57 минути во еден месец и иницирале 101,55 повици.

Кај вкупно реализираниот сообраќај во минути има пад од 5,57 проценти во однос на минатиот квартал и пад од 3,13 проценти во однос на првиот квартал од 2024 година.

Регистрирано е намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на четвртиот квартал од 2024 година од 12,56 проценти. Кај вкупниот број на испратени ММС пораки во првиот квартал од 2025 година има раст од 1,99 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 1,36 проценти споредено со првиот квартал од 2024 година.

Во фиксната телефонија, пак, во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно иницирале 4,90 повици месечно,  а зборувале 11,18 минути.

На пазарот на пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во првиот квартал од 2025 година е намален за 0,04 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година додека пак споредено со првиот квартал од 2024 година  е зголемен за 1,69 проценти. Целокупниот обем на сообраќај на овој пазар во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 17,63 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2024 година  има пад од 6,67 проценти.

Бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег во првите три месеци од годинава изнесува 547.513 со раст од 0,17 проценти во однос на четвртиот квартал лани, односно 2,27 проценти споредено со првиот квартал лани.

Во уделот на претплатници на пристап до интернет по технологии во првиот квартал од 2025 година, најголем процент, 38,15, се тие со пристап до интернет преку јавна оптичка мрежа, по што следуваат тие со пристап до интернет преку јавна CaTV мрежа нивниот удел, 22 проценти, преку јавна комуникациска мрежа xDSL, 17,82 проценти, LAN мрежа, 4,02 проценти, јавна радиокомуникациска мрежа (не се вклучени претплатници преку мобилни мрежи) 1,29 проценти и изнајмени линии 0,36 проценти.

Индикаторите за пренос на радио и ТВ сервиси до крајни корисници, пак, покажуваат дека заклучно со првиот квартал годинава во државава имало 183.133 претлатници на кабелска телевизија, за 1,73 проценти помалку во однос на претходниот квартал, додека споредено со првиот квартал од минатата година има намалување за 7,07 проценти. Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги  изнесува 439.061, на IPTV 181.915, на DVB-T, 38.465, а  на сателитска телевизија 35.548.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи
Следна Статија Мицкоски: Европа да не нè дискриминира, да поминуваме на брза трака на граница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на чело на македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?