Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра

Објавено October 18, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината.

Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.

– Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Трагедија во Турција – Шестмина загинати откако се преврте автобус, 25 повредени
Следна Статија ВИДЕО: Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот

„Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

ПОД КЛУЧ 40 ФИЛИЈАЛИ: „Креди Јес“ е фирмата за брзи кредити со одземена лиценца

Министерството за финансии ѝ ја одзеде лиценцата за работа на финансиската компанија „Креди Јес“, по утврдени неправилности и прекршоци во…

May 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?