Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме

Објавено October 13, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.

– Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски, на новинарко прашање.

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северо-западна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат.

Приоритет, најави, ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон Индустриската зона.

– Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oсмани одбил ТВ дуел со Меџити
Следна Статија Поевтинуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДС, реформа е можна само со оставка на Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар,…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов: Актуелното раководство на партијата врши самоубиство со умисла на СДСМ

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата смета дека актуелното раководство…

January 21, 2026
ПОЛИТИКА

Верувале или не? Касами го истакна македонското знаме

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вчера имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Забележително беше што на средбата го…

March 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Касами: Ако се поделиме за етнички теми низ призмата на шовинизам, која би била разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени

Премиерот во денешниот говор подвлече дека сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?