Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“
ХРОНИКА

Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Објавено October 14, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Во притвор почина Владо Петров, еден од осомничените полициски службеници во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, соопштија на Фејсбук од Независниот синдикат на полицијата.

Владо Петров, како пензиониран полициски службеник беше осомничен дека додека бил Главен инспектор за сообраќајни работи потпишал документ за паркинг просторот пред т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

„Трагедијата во Кочани ја зема својата 63 жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо не го издржа притисокот и не успа да види ништо од пензијата. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни“, пишува на фејсбук-профилот на Независниот синдикат на полицијата.

Информацијата за смртта на пензионираниот полицаец ја сподели и Македонскиот полициски синдикат, од каде велат дека нивниот пензиониран колега, Петров не ја дочекал правдата.

„Системот наместо да ги заштити оние што чесно му служеле, често знае да ги скрши под товарот на неправдата. Владо Петров останува симбол на еден човек што го даде својот придонес за безбедноста, но не ја дочека вистината правната разрешница“, велат од Македонскиот полициски синдикат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дуковски за Коцевски: Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја
Следна Статија [Видео] Несреќен случај во трговскиот центар „Веро Џамбо“ – ескалатор пропадна во присуство на посетители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО)Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп

Денеска избувна пожар во депонијата за старо железо на компанијата „МИКОМП“, лоцирана на излезот од Прилеп, во близина на бензинската…

November 5, 2025
ХРОНИКА

Откопан гробот на Зоки Фаци

Попладнево бил откопан гробот на скоропочинатиот Зоки Фаци. За ова преку својот Фејсбук профил се огласи неговиот пријател Стефан Лазаров,…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Маж починал додека управувал автомобил во Радовиш

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко…

February 22, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар во Кочани, изгореа три автобуси и едно комбе

Ноќеска избувнал голем пожар на излезот од Кочани, во близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај населбата Оризари. Како што…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?