Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите
ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите

Објавено October 18, 2024 16:29
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.

Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето info@ujp.gov.mk. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200, соопштуваат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена
Следна Статија Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово – казни од 100 до 1000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа

Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот…

August 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов максимум откако црвениот метал се тргуваше на лондонската берза LME,…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата

Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29…

March 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во 2023 година секое шесто домаќинство во Македонија живеело во сиромаштија

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?