Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Објавено October 18, 2024 19:05
Сподели
Сподели

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денеска се сретна со делегација на Вертекс, единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот, на која беше истакната посветеноста и грижата на Фондот за пациентите со цистична фиброза, информираат од Фондот.

Клековски истакнал дека се прават напори за подобрување на грижата на државата за пациентите со цистична фиброза.

-Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза со вклучување на поголем број пациенти, што е можно поскоро, истакнал директорот на Фонфот за здравствено осигурување на Македонија, Клековски.

Делегацијата на Вертекс била предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа. На средбата бил присутен и Игор Г. Николов, советник на Премиерот за реформи во здравството.

Директорот на Фондот се заблагодарил за напорите на Вертекс да вклучи иновативна терапија и за целокупната поддршка на Македонија, која започнува во 2022 година.

Претставниците на делегацијата на Вертекс го истакнале значењето на раната детекција на болеста цистична фиброза, каде МАНУ има резултати на европско ниво, како и потребата од навремено вклучување на болните кои ја имаат оваа дијагноза во програмите за лекување.

Клековски најавил дека следната недела ќе заврши процедурата за внесување во Позитивната листа на лекот Микрозим кој е од групата на панкреасни ензими, и е наменет за овие пациенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегчиќ: Ќе предложиме соочување на Александар со Музафер и сослушаниот сведок Дејан
Следна Статија Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

70 отсто од граѓаните во Македонија користат телефон пред да заспијат

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се…

March 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: 155 медицински лица во болницата во Тетово ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време,…

July 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?