Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре
МАКЕДОНИЈА

НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре

Објавено October 16, 2025 17:44
Сподели
Сподели

НОМАГАС АД Скопје попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред за утре треба да се земат со резерва. Посочуваат дека поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството привремено има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, но оти работите треба да завршат на време и оти утре треба да се стабилизира испораката.

Потенцираат дека ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година и како што соопштуваат, претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира 17.10.2025 година кога треба да се стабилизира испораката на природен гас“.

Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод. Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе Ве известиме, се вели во соопштението од НОМАГАС АД.

Наведуваат и дека ЈСП Скопје веќе една година, од 01.12.2025 година, не се нивни директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје, се вели во соопштението.

ЈСП Скопје на својата веб страница претходно денеска објави дека се можни отсапувања од возниот ред, како што наведе, согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година“.

Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени, се вели во информацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради сериозен дефект, МТВ не емитуваше три дневници: се проверува дали е намерен упад во системот
Следна Статија Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Цветановски: Поднесов кривични пријави против Љупчо Коцевски и Лиле Стефанова, но одговор нема

Суспендираниот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, за МИА отворено зборува за причините за неговата суспензија, за…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мечка се прошета низ село во Ранковце, но не смее да се убива, предупредија од ловното здружение

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нова комуникациска платформа „Дознај факти од Уставен суд“

Уставниот суд од денеска пушта во употреба нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и…

June 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?