Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ: Се чувствувам како да ме прегазил воз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ: Се чувствувам како да ме прегазил воз
СПОРТ

Ѓоковиќ: Се чувствувам како да ме прегазил воз

Објавено October 17, 2025 08:10
Сподели
Сподели

Јаник Синер му зададе тежок удар на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад. Италијанецот го совлада српскиот ас со убедливи 6:4, 6:2. По мечот, Ѓоковиќ застана пред камерите и со невообичаена искреност ја отвори душата.

– Искрено, се чувствував како да ме прегази воз. Погодуваше од сите агли, се обидував да издржам, беше предобар. Му честитам и му посакувам среќа во финалето. Ријад, ви благодарам за поддршката, навистина ја чувствуваме љубовта кон тенисот“,  -изјави Ѓоковиќ пред публиката, која го испрати со аплаузи.

Меѓутоа, тој не застана тука. Кога водителот Ендру Касл го праша што го мотивира да продолжи да се бори против младите ѕвезди како Синер и Карлос Алкараз, Ѓоковиќ се насмеа и одговори со шармантна самоиронија:

– Секогаш вреди, затоа што го сакам тенисот. Никогаш не е убаво кога некој ти го испраши задникот на теренот. Но, неверојатно е што сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и да бидам меѓу најдобрите – рече тој.

Притоа, Новак не ја пропушти шансата да се пошегува на своја сметка.

– Имам тело какво што имам. Благодарен сум на сè што ми дал Бог. Ако некој помлад сака да ми го позајми телото за една година, би го прифатил со задоволство, само да ги победам овие момци – додаде со насмевка.

Сепак, зад хуморот се почувствува и тивка решителност.

– Ќе продолжам да ги предизвикувам, колку и да е тешко. Страста сè уште е тука, и тоа е она што ме движи – заклучи Ѓоковиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија
Следна Статија Трамп и Путин ќе се сретнат идната недела во Будимпешта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милвоки Бакс три­умфира­ше над Чикаго Булс со 112-103

Интензивна кошаркарска битка каде Бакс покажаа супериорност и победа на теренот

December 29, 2025
СПОРТ

Топката со која е постигната „божјата рака“ се продава за 2.5 милиони долари

Веројатно најпознатата топка во историјата на фудбалот повторно ќе биде ставена на аукција, јавија денеска американските медиуми. Станува збор за…

July 15, 2026
СПОРТ

Ракометен спектакл „Легендите на сцена“ во Скопје

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20…

October 4, 2025
СПОРТ

Што бара Јужна Африка на СП?

Мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес, кој синоќа го постигна првиот гол на Светското првенство 2026, ги пофали своите соиграчи и навивачите…

June 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?