Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сестра Жанета Богоевска Митева избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Сестра Жанета Богоевска Митева избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега
ЗДРАВЈЕ

Сестра Жанета Богоевска Митева избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега

Објавено October 17, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Сестра Жанета Богоевска Митева, долгогодишна вработена во Клиниката „Жан Митрев“, е избрана за претседател на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега (EfCCNa).

EfCCNa е водечка европска организација што обединува 35 национални асоцијации од 26 држави, со повеќе од 30.000 медицински сестри. Нејзината основна цел е унапредување на грижата за критично болните пациенти, поддршка на нивните семејства и развој на заеднички европски стандарди во клиничката пракса, едукацијата и истражувањето во областа на интензивната нега.

Сестра Жанета Митева од 2014 година ја претставува Македонија во EfCCNa, а во изминатите три години активно членува и во Управниот одбор на федерацијата, како и во Европската организација за сестри специјалисти (ESNO). Изборот за ново раководство беше одржан во рамките на есенскиот состанок на федерацијата, кој се одржа во Лондон од 10 до 12 октомври 2025 година, каде сестра Митева беше избрана со едногласна поддршка од претставниците на европските држави, соопштија од Клиниката.

-Голема чест и привилегија е што ја добив довербата на моите колеги од цела Европа. Овој избор не е само личен успех, туку признание за трудот, професионализмот и континуираната посветеност на медицинските сестри од Македонија, изјави Митева.

Таа е дел од Клиниката повеќе од 24 години, со богато искуство во областа на интензивната нега и анестезијата. Позната е по својата професионалност, лидерски пристап и активна улога во континуираната едукација и развој на медицинскиот персонал.

Нејзиниот избор на чело на EfCCNa претставува значајно признание не само за Клиниката, туку и за целокупниот систем на здравствена нега во Република Македонија. Ова претседателство ќе овозможи директна размена на искуства со водечки европски центри, примена на најсовремени стандарди и протоколи во третманот на критично болните пациенти, како и понатамошно унапредување на квалитетот на медицинската нега во земјата, соопштија од Клиниката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра
Следна Статија Николоски: Владата инвестира над 1 милион евра за решавање отпадни води

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека…

July 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција

Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) развија два нови потенцијални антибиотици користејќи вештачка интелигенција (ВИ). Лековите се насочени кон…

August 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На…

February 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алексиоска–Папестиев: Клиниката за гинекологија ќе има современ центар за ин-витро

Повеќе современи методи – од минимално инвазивни лапароскопски и хистероскопски процедури, до напредни протоколи во третманот на ризични бремености и…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?