Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

Објавено October 17, 2025 20:29
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор.

„Во суштина имаме две понуди една понуда кој не враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас. Јас ги повикувам да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовна да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. Втората порака е да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали политички партии коишто практично се мала група која профитира на основа на гласот на граѓаните и трето убеден сум ако го слушаат разумот и срцето и длабоко во душата се фокусираат што им вели тогаш убеден сум дека во огромно мнозинство ќе гои заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Владата инвестира над 1 милион евра за решавање отпадни води
Следна Статија Со огнено оружје пукано кон куќа во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе Филипче, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. И откако Венко Филипче отиде да лобира за…

September 9, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ,…

July 18, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?