Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Објавено October 18, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Министерот за култура Зоран Љутков вчера во Струга изјави дека Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна.

По посетата на локацијата, каде пред два дена при изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство, Љутков рече дека инспекциската служба на Управата за заштита на културно наследство констатирала сериозни оштетувања.

Како министер за култура и туризам, најостро ги осудувам овие дејствија и секоје неодговорно постапување што доведува до уништување или загрозување на заштитени објекти. Културното наследство е непроценливо богатство, кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, од несовесност или од краткорочни интереси, истакна Љутков најавувајќи дека ќе следат соодветни пријави согласно законот.

Министерството за култура и туризм, нагласи, ќе ги вклучи сите надлежни институции, стручни лица и експерти за обнова на објектот, што, според него, ќе биде изведена на најпрофесионален начин и согласно сите принципи за заштита на културното наследство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: И Зеленски и Путин нека прогласат победа, нека одлучи историјата
Следна Статија Градоначалникот на Дубровник: Во градот се шмрка кокаин до бесвест, а количините се мерат во камиони, а не во грамови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хидрантни приклучоци имаме, но цревата се чуваат заклучени затоа што некој постојано ги краде

Откако во јавноста осамна информацијата дека клубот Пулс едвај и да имал некој пп апарат за да се гаси пожарот,…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?