Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште само 8 дена шанса за македонските средношколци да освојат еден милион денари со своја бизнис идеја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уште само 8 дена шанса за македонските средношколци да освојат еден милион денари со своја бизнис идеја
МАКЕДОНИЈА

Уште само 8 дена шанса за македонските средношколци да освојат еден милион денари со своја бизнис идеја

Објавено October 18, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Средношколците од цела Македонија имаат уште осум дена да ја пријават својата бизнис идеја и да освојат 1.000.000 денари, во натпреварот „Средношколец милионер“, организиран од Brainster NEXT колеџот и NU академиите за талентирани ученици.

Пријавувањето е сè уште отворено и бесплатно на milioner.mk (milioner.mk), , а според податоците од Бреинстер групацијата, веќе се пристигнати значителен број на оригинални и иновативни предлози од средношколци ширум земјата – и нивниот број се зголемува од ден на ден, како што наближува крајниот рок за пријавување.

Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај младите, како и да покаже дека добрата идеја може да започне во училишна клупа, а да заврши како успешна приказна.

„Натпреварот е отворен за сите средношколци од прва до четврта година, без оглед дали доаѓаат од државните и приватните средни училишта. Она што го бараме од нив е една креативна идеја за бизнис, но и желба за стекнување знаење и искуство кое ќе им биде пренесено од искусни ментори во делот на претприемништвото“, објаснува Анастасија Илиевска од Бреинстер некст.

Натпреварот Средношколец милионер има неколку фази од која првата е фазата на пријавување идеи, која трае до 26 октомври. Од сите пријавени ќе се одберат 50 идеи, кои ќе одат на јвано гласање на страната milioner.mk, после што јавноста ќе ги одбере 20- те финалисти кои продолжуваат понатаму.

На 29 ноември финалистите после процес на работа со менторите, ќе треба да ја презентираат идејата пред инвеститори преку „elevator pitch“ за само 90 секунди. Од тука ќе се селектираат 10-те финалисти, кои во финалето на 30 ноември во просториите на Бреинстер некст и НУ академиите ќе се борат за победа, а стручното жири ќе избере една идеја која ќе добие 1.000.000 денари.

„Сакаме искрено да ти поттикнеме подеднаво и средношколците, но и наставниците и родителите да ги поттикнат младите да се пријават со својата бизнис идеја, затоа што лоша бизнис идеја нема – можат да аплицираат со секоја идеја која ја имаат на milioner.mk “, појаснува Илиевска.

Организаторите велат дека добитникот на 1.000.000 денари нема да биде обврзан да ги вложи парите во бизнис идејата со која победил, ниту пак Бреиснтер ќе бара удел во бизнисот долколку победникот реши да ја реализира бизнис идејата. Заинтересираните средношколци за милионската награда имаат рок за пријава до 26-ти октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски
Следна Статија ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Трите локални самоуправи кои не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје и Теарце, до 15 ноември можат да…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, соопшти дека побарале увид во предметот за пресудата за возачот Менсур Пајазити кој смртно…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 832 415 граѓани

Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?