Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа
МАКЕДОНИЈА

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа

Објавено October 19, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и се истакнуваат на огласна табла во општината и се соопштуваат на јавните гласила.

Изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за Градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во Градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Конечните резултати од изборите, ДИК ги објавува за секоја општина поодделно.

Конечните резултати од изборите, ОИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа  се вршат по мнозинскиот изборен модел, а изборите за членови на советите по пропорционален модел, во еден круг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 832 415 граѓани
Следна Статија ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Oна што го најавуваат бугарските медиуми доби потврда. Премиерот Мицкоски денеска рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“

Министерството за внатрешни работи објави дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?