Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес
МАКЕДОНИЈА

МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес

Објавено October 19, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

-Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти, соопшти МВР.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.

Избирачкиот одбор ќе се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место и може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место. Членовите на одборот можат да побараат помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.

Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.

Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.

Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот, сè додека тој не се воспостави. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одѕвала на повикот. Ако гласањето е прекинато подолго од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот на избирачкиот одбор.

На овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува исто така доверливиот избирачки материјал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
Следна Статија (Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?

СДС се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите

Нова детска градинка денеска беше пуштена во употреба во Општина Сопиште. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека…

January 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа Лазарева сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Оваа сабота е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?