Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти
СВЕТ

Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Објавено October 19, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми.

Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право.

Таа предложи и започна програма за размена
Кога италијанскиот образовен систем не ја призна нејзината американска диплома по нејзиното враќање, таа предложи програма за размена, која на крајот ја започна на ниво на Европската унија во 1987 година.

Оттогаш, околу 16 милиони студенти учествувале во програмата, според веб-страницата на Еразмус.

Програмата, управувана од ЕУ, поттикнува поблиска соработка меѓу универзитетите и високообразовните институции низ цела Европа.

Мама Еразмус“
Софија Коради, или „Мама Еразмус“ како што беше позната, рече дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина „лична пацифистичка мисија“.

За италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ѝ го припишува „раѓањето на Генерацијата Европа“, таа „ги инспирирала животите на милиони млади луѓе кои патувале, студирале и прифаќале различни култури“.

Таа сонуваше за европска младина збогатена со нејзината разновидност. Милиони студенти ѝ ги должат своите хоризонти“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени, соопшти МВР
Следна Статија Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Медојевиќ: Шкаљарскиот клан презема 50 плажи во Црна Гора!?

Небојша Медојевиќ, опозициски политичар од Црна Гора тврди дека со поддршка на актуелната власт , 50 плажи на црногорското приморје…

June 10, 2025
СВЕТ

(Видео) Седум часа ги читаше имињата на сите убиени деца во Газа, дури 12.227 жртви

Кардиналот Матео Зупи во италијанскиот град Болоња предводеше трогателно седумчасовно молитвено бдение за сите деца загинати во конфликтот меѓу Израел…

August 24, 2025
СВЕТ

САД и Израел го нападнаа Иран

Американските напади врз Иран се извршуваат од воздух и од море, изјави американски функционер за Ројтерс. Израелскиот министер за одбрана…

February 28, 2026
СВЕТ

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека повлекувањето на САД од поддршката на Украина ќе има катастрофални последици, не само за…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?