Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Објавено October 19, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна.

Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера.

„Ги повикувам сите граѓани да го остварат своето право на глас, да ги дефинираат чекорите во иднина, да можеме да искреираме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани“, кажа Тошковски.

Тој додаде дека се активирани над 90 отсто од силите со кои располага МВР и се фокусирани на спроведување на мирен изборен процес.

„Ги преземаме сите дејствија коишто треба да се преземат. На терен сме, ги контролираме оние жешки точки. Сега за сега нема никакви проблеми. Имаме констатирано четири настани кадешто има потенцијално нарушување на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Се постапува и се истражува. По утврдувањето на целосната фактичка состојба ќе биде известена јавноста“, извести Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синер го освои турнирот „Шест кралеви“ и заработи шест милиони долари
Следна Статија Крвна одмазда на Косово: Истрча од гаража со два калашникова и изрешета џип во движење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада во четврток, 25 декември, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Лa тераца“ за 3.500 евра месечно ја доби концесијата за Македонско село

Фирмата „Ла тераца“ ја доби концесијата за работа со комплексот Македонско село во Горно Нерези за 3.500 евра месечно. Комплексот…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните протестираа против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница – Не ја чепкајте природата

Реката Дошница, една од најчистите и недопрените реки во Македонија, е пред опасност да биде ставена во цевка. Фирми и…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?