Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
ПОЛИТИКА

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир

Објавено October 19, 2025 23:26
Сподели
Сподели

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден.

„Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници за време на целата кампања: активистите, партиските другари и коалиционите партнери, поддржувачите, форумот на жени и младинскиот форум. Навистина беше чест да се работи со посветеност и жртва, во процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, последниот збор им припаѓа на граѓаните. Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту целосно законита во сите аспекти, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека чесноста и вредностите имаат значење само ако ги задржиш и во вакви ситуации.

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.

На крај, сакам да им се заблагодарам на моето семејство — тие ја понесоа најголемата тежина од моето политичко ангажирање, но од нив ја добивав и најсилната поддршка“, напиша Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Овој резултат не е тој што го посакувавме, но не е лош со оглед на околностите
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Престанете да ги лажете своите гласачи, очигледно не сакате реформи

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок

Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на…

June 11, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска смета дека Филипче направил грешка што не отиде на лидерска среба

Неучеството на Филипче претседателката Сиљановска го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“. – Подобро е да седнете…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

На локалните избори пораките обично се однесуваат на проблеми кои се насочени кон потребите на локалното население, кон општината, селото…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?