Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!

Објавено October 19, 2025 23:30
Сподели
Сподели

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

-Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство. Со поглед право во очи. Со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа, не заради нас туку заради себе. Поради своите семејства, својата иднина, поради Македонија, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секој човек што излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше за вистината дека може подобро, дека чесноста вреди, дека трудот носи резултати.

-Тоа е наша обврска и довербата не е награда, тоа е задача што почнува утре наутро, со секој нов ден, со секое училиште, фабрика, болница што ќе ја направиме. Со секој нов човек кој верува дека овде има смисла да се живее и да се сонува. Оваа победа ја градевме чекор по чекор. Не со ветувања туку со работа, не со спектакли туку со упорност. И затоа таа победа не е само наша, таа е на сите што веруваат дека државата мора да се движи напред, дека општините мора да растат, дека иднината не треба да се чека туку да се создава, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица
Следна Статија (Видео) Ливерпул во криза, Манчестер јунајтед победи на „Енфилд“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Беким Сали на местото на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јован Костадинов: Во тој момент не размислуваш на сопствениот живот, само гледаш да помогнеш – во Кочани херои беа сите што помагаа

Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре е Ѓурѓовден: Овие обичаи секој верник треба да ги испочитува

Ѓурѓовден е меѓу најголемите пролетни празници. Ѓурѓовден е поврзан и со бројни обичаи што треба да се почитуваат. Ѓурѓовден е…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?