Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг
ПОЛИТИКА

На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг

Објавено October 20, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излезат на гласање на 2 ноември.

После првиот круг во Општина Аеродром, каде се обработени 99,90 отсто од избирачките места, води канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09 отсто од гласовите на скопјани или 16 225 гласа. Зад него е Александар Трајановски од СДСМ кој има 20,79 отсто или 6 872 гласа.

Трката во вториот круг ќе биде токму помеѓу Митески и Трајановски.

Извор: Државна изборна комсија

Во Општина Центар, во првиот круг од обработени 99,86 отсто од избирачките места, најмногу гласови има кандидатот на СДСМ, кој е и актуелен градоначалник,  Горан Герасимовски кој има освоено 38,21 отсто од гласовите и 8 525 гласа. Зад него е Мирослав Лабудовиќ од движењето ЗНАМ- За наша Македонија, кој имаше поддршка од владејчката ВМРО-ДПМНЕ и кој има 25,53 отсто или 5 695 гласа.

Ова се и двајцата кандидати што ќе одат во вториот круг.

Извор: Државна изборна комсија

Трета скопска општина каде што ќе има втор круг е Карпош. Таму според податоците на ДИК од обработени 100 отсто од гласачките места во првиот круг, на 2 ноември ќе продолжат кандидатот на ВМРО_ДПМНЕ, Сотир Лукровски и актуелниот градоначалник од коалицијата Искуство за успех, Стевчо Јакимовски.

Лукровски во првиот круг води со освоени 34,51 отсто или 10 284 гласа наспроти Јакимовски кој има 29,40 проценти или 8 761 глас.

Извор: Државна изборна комсија

Во Шуто Оризари во вториот круг ќе бидат актуелниот градоначалник Курто Дудуш од Унија на Роми и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Дудуш во првиот круг од обработени 99,66 отсто од избирачките места има освоено 36,57 отсто или 3 217 гласа. Демир, пак, има освоено 20,69 отсто или 1 820 гласа.

Извор: Државна изборна комсија
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Навивачи нападнаа автобус во Италија: загина возачот кој бил удрен со тула
Следна Статија Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци.…

November 25, 2024
ПОЛИТИКА

Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера

Собранискиот спикер Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети…

August 6, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: БРТ системот е брзо, ефикасно и реално решение за Скопје

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, најави дека доколку добие доверба од граѓаните, веднаш ќе започне…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?