Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството
ПОЛИТИКА

Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството

Објавено October 20, 2025 13:08
Сподели
Сподели

По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција, пишува на социјалните мрежи градоначалникот во заминување на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Тој упати честитка на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината.

Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството. СДСМ е четврта политичка сила. СДСМ не влезе во втор круг во Скопје. Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен, вели Костадинов.

Порачува раководството на СДСМ да не зборува дека се среќни со резултатот, бидејќи додава, поголем пораз од ова нема.

-Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес. Mора да се седне на маса. За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице. Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, посочува Костадинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6
Следна Статија Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети бара поддршка од Трамп, Фон дер Лајен и Макрон за „зачувување на достигнувањата“ од Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на партијата, Али Ахмети го испратил своето отворено писмо до локалната…

April 9, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Рубин Земон, член на ЦО на СДСМ: Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е важен за македонскиот идентитет

Рубин Земон, член на Центалниот одбор на СДСМ искажа навреди за македонскиот великан Гоце Делчев. Според Земон, Гоце Делчев не…

April 29, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче во Барселона се сретна со премиерот Санчез

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше…

April 18, 2026
ПОЛИТИКА

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за настаните од „27 април“

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за злоупотреба на службената положба и попречување на правдата против поранешната обвинителка…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?