Во Општина Арачиново, каде што секогаш изборите знаат да бидат бурни и тесни, се случи нешто што ретко се гледа дури и во најмалите населени места – кандидатот за градоначалник Фекри Бакиу, кој настапи како независен од група избирачи, освоил само еден единствен глас. Веројатно сам се гласал.
Според официјалните податоци, најголем број гласови освои Даут Беќири од коалицијата Влен – 2.662 гласа, односно 51,25 проценти. Веднаш зад него е Скендер Исуфи од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.383 гласа или 45,88 проценти.