Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓаат од село со 1485 жители, тренер им е директор на училиште и се нови шампиони на Шведска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Доаѓаат од село со 1485 жители, тренер им е директор на училиште и се нови шампиони на Шведска
СПОРТ

Доаѓаат од село со 1485 жители, тренер им е директор на училиште и се нови шампиони на Шведска

Објавено October 21, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Мјалби стана шампион на Шведска. Во 27-то коло од Алсвенскан, го победија Гетеборг со 2:0 и три кола пред крајот стигнаа до недостижни 11 бода предност пред второпласираниот Хамарби. Победничките голови ги постигнаа Јакоб Бергстром во 21-та и Том Петерсон во 28-та минута од натпреварот.

Ова е нивна прва шампионска титула во историјата на клубот, а тие го соборија рекордот и станаа најмалото место кое некогаш добило шампион меѓу земјите членки на УЕФА.

Следната сезона, тие ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а исто така ќе играат и во европските натпреварувања за прв пат во историјата.

Клубот Мјалби АИФ е од Хелевик, град на југот на Шведска со население од 1485 жители според последниот попис од 2023 година. Хелевик се наоѓа во Селвесборг, општина со вкупно население од околу 17.000 жители.

„Кога нашите противници доаѓаат да нè посетат, тие се возат со автобус и возат низ фарми, покрај рибарски пристаништа. Потоа возат малку повеќе и кога повеќе не можат да одат напред, доаѓаат на нашиот стадион“, изјави за „Гардијан“ Хасе Ларсон, спортски директор на клубот.

Станува збор за клуб кој низ својата историја се движел од првата до четвртата шведска лига, а не толку одамна, од 2015 до 2018 година, бил во третата лига. Потоа изборил пласман во повисок ранг во две последователни сезони и сега игра во највисокото ниво на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се рангирал од петтото до десеттото место.

Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.

Највредниот шведски клуб е Малме со 40 милиони евра, а над 30 милиони е вредноста на играчите на Хамарби, додека Ѓургарден вреди 25 милиони евра.

Покрај тоа што нема познати имиња или играчи со голема вредност во тимот, Мјалби нема ниту тренер со значајна кариера. Тие се предводени од 59-годишниот Андерс Торстенсон, човек зад кого стои единствена приказна.

Торстенсон бил младински играч во Мјелби во 1980-тите, но го напуштил клубот пред да игра за сениорскиот тим и се приклучил во војската една деценија.

По враќањето од војска, Торстенсон се вработил како директор на училиште, а во исто време работел како тренер во аматерски клубови. Како што вели, никогаш не помислил дека може да има сериозна тренерска кариера.

Во Мјалби дошол како помошник тренер во 2007 година и три години подоцна влегол во првата лига со клубот. Станал главен тренер во 2013 година и решил да го напушти училиштето за да се посвети на својата работа во фудбалот, но бил еден од ретките во клубот кои го имале тој луксуз.

Таквата посветеност била клучна за создавање тим кој без истакнат поединец (вистинска ѕвезда) стана шампион на Шведска.

Најдобриот стрелец на клубот со само шест гола е 20-годишниот Абдули Манех, кој минатата година дошол од Гамбија како сосема непознат играч. Највреден играч во клубот е Елиот Страуд (2,5 милиони евра), кој пристигна пред две години од третата шведска лига, додека еден од клучните дефанзивци е Абдула Икбал, Пакистанец донесен од втората данска лига.

Капитен е Јеспер Густавсон, 30-годишен локален жител кој целата своја кариера ја поминал во Мјалби уште од дете и не го напуштил дури ни во најтешките моменти.

Арвид Францен е одговорен за пронаоѓање нови играчи, кој ја извршува својата скаутска работа од далечниот град Ескилстуна, на шест часа возење, каде што работи секојдневно како поштар и ќе се приклучи на клубот како постојан вработен подоцна оваа година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Известувачот Вајц: Македонија е блокирана поради идентитетски прашања
Следна Статија Новинар: „Кој ја избра Будимпешта како место за средба?“; Белата куќа: „Мајка ти“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ноле изрази сочувство до загинатите во Кочани

Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани, во која загинаа најмалку 59…

March 16, 2025
СПОРТ

Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул…

July 7, 2025
СПОРТ

Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

Вчера беа доделени престижните награди за најуспешните спортисти, спортистки и тренери за 2024 година. Централно место на настанот зазеде прогласувањето…

December 24, 2024
СПОРТ

Нејмар се согласил да се врати во Сантос

Одбројани се деновите на Нејмар во Ал Хилал, веќе еден месец се зборува за враќање во родниот Бразил, во Сантос…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?