Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
МАКЕДОНИЈА

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Објавено October 21, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври.

Од српските органи беше побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага, соопшти Јавното обвинителство.

Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина.

Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот.

Освен ова, од сметките на осомничениот и неговата фирма во државава, која исто така е опфатена со истрагата, по барање на обвинителството се замрзнати околу 30 милиони денари, а обвинителството побара да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори  истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра
Следна Статија Владата задолжи институции веднаш да отпочнат со вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од…

February 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава. Упатувајќи срдечни…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?