Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов
МАКЕДОНИЈА

Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов

Објавено October 21, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.

Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов рече дека пробацијата во Македонија не се користи доволно иако постои веќе шест години.

„Има многу поголем капацитет и многу почесто и подолги треба да бидат тие условни отпусти. Бројките покажуваат дека низ македонските судови има 430 осудени лица со А третман и 330-40 со Б2 третман. Не велам дека сите, но, најголем дел од тие осудени лица можат да бидат на условен отпуст, нормално, претходно со препорака од секторот за ресоцијализација во затворите и од директорите на македонските затвори“, рече Пандов.

Тој го нагласи и економскиот аспект на проблемот, вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.

„Одат таму како во хотел се однесуваат, ги храниме, ги чуваме. Земаат човечки ресурси – дали луѓето од ресоцијализација се ангажирани, дали затворската полиција“, рече тој.

Пандов посочи дека соработката со невладини организации е активна, а пробациските мерки се следат според видот на делото – од домашно насилство до злоупотреба на наркотични средства. Тој информираше дека има над 100 барања за прекин на пробацијата кои најчесто се поради непочитување на препораките од страна на осудениците.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, ја истакна важноста на ресоцијализацијата.

„Целта на казнувањето не е секогаш казната сама по себе, туку и ресоцијализацијата и рехабилитацијата на сторителите на кривични дела, а секако, условниот отпуст игра доста важна улога во таа насока“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 60 000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип
Следна Статија Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата

Она што на Македонија ѝ недостига за успешно завршување на болниот процес на транзиција е голема идеја – визија која…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Мое лично мислење и впечаток од сите мои досегашни состаноци е дека не е добро да инсистираме само на едно…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Oд ДУИ масовно споделуваат видео од Ахмети во униформа на УЧК, тој вели: Никогаш не сум изгубил војна

Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?