Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија

Објавено October 21, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон.

Македонија е на пат да реализира огромни инфраструктурни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна поддршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка, истакна на средбата потпретседателот Николоски.

Токму инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји до воспоставување на стратешки партнерства и реализација на регионални инфраструктурни проекти.

Ваквата соработка е ново поглавје за стратешкото инвестициско партнерство меѓу Македоннија и Велика Британија, потенцираше вицепремиерот Николоски. Тој ги потврди силните заложби и активности што ги презема Владата за економски развој на државата како и за регионалното поврзување и соработка.

Обединетото Кралство е силен поддржувач на земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија и како резултат на таквата соработка, инвестициите од Обединетото Кралство имаат силен импакт во растот на македонската економија, истaкна потпретседателот Николоски.

На средбата се разговараше за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на проектите кои ќе се реализираат согласно Договорот за соработка како и поддршката што ќе ја овозможи Велика Британија во реализација на истите.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

Владината делегација денеска и во текот на утрешниот ден ќе оствари повеќе економски и политички средби со високи владини претставници на Обединетото Кралство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За првпат на неврохирургија во Скопје – извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
Следна Статија Мобилни царински тимови запленија 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двете лица на германскиот канцелар Олаф Шолц: Тој сака да се меша, ама не сака да му се мешаат

„Гласот за СДСМ, Ковачевски и за Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија“. Ова, на 17 април минатата година…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коњот Букефал со пет нозе насликан на билборд за добредојде во Скопје

Бројни рекации на социјалните мрежи предизвика новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што завчера беше поставен на источниот влез на…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

Во рамки на вчерашната акција, која е спроведена по наредба на судија на претходна постапка извршени се два претреса од…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски во Анталија: Вложувањето во младите е директна инвестиција во иднината на регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на…

April 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?