Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот

Објавено October 22, 2025 17:49
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.

На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.

На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.

Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.

Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.

На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.

Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
Следна Статија Малолетник со нож му нанел убодна рана на 15-годишен ученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди…

June 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбени згради, при вонредна…

April 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

За петок повторно е најавен бојкот на маркетите

Повиците за бојкот на маркетите во петок повторно почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи и се поради високите цени,…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?