Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
МАКЕДОНИЈА

10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец

Објавено October 22, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Заразите повеќе не се само закана, Скопје го има првиот случај што го вклучува здравствениот аларм. 10 годишно дете е гризнато од глушец на детско игралиште во Капиштец. За Сител мајката на петтоодделенецот раскажува како од детска игра нејзиниот син завршил на инфективната клиника. Инцидентот се случил по наставата, каде децата секојдневно се играле. На игралиштето претрчувале повеќе глувци и стаорци поради насобраниот смет во и околу контејнерите. Децата незнаејќи за опасноста од глодарите се впуштиле во спасувачка мисија на заглавен глушец.

Загрижената мајка апелира до институциите посериозно да пристапат на проблемот за да се спречат слични инциденти и зарази.

Сметот околу овие контејнери денеска бил исчистен, но состојбата е и натаму загрижувачка во целиот град. Нечистењето на ѓубрето во Скопје стана предмет и на истражните органи. Обвинителството од вчера издаде наредба за истражување на евентуално кривично дело во ЈП Комунална хигиена. Полицијата веќе прибавила документација од просториите на комунална хигиена и од просториите на актуелната градоначалничка на Скопје.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари
Следна Статија Д-р Пановски: Ако Скопје не се исчисти веднаш, градот може да биде преплавен со 10.000 стаорци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто

На листата на претседателот на САД Доналд Трамп на земји за кои се воведуваат нови реципрочни тарифи, е и Македонија…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

Уставниот суд попладнево соопшти дека го добил мислењето од Венецијанската Комисија во врска со предметите во коишто се оспорени одредби…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања продала стан па си купила возило и „затворила“ кредити

Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?