Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи

Објавено October 23, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, потсетувајќи на историското значење на делото на македонските револуционери и нивната борба за слободна и самостојна држава.

„Животот во слобода, мир и демократија не ни е подарен, туку е извојуван од нашите предци – македонските револуционери“, порача претседателката, додавајќи дека Републиката преку Уставот им гарантира посебни права на сите кои се бореле за самобитноста и државноста на македонскиот народ.

Сиљановска-Давкова истакна дека денешниот празник е потсетник на обврската да се продолжи револуционерното дело – не со оружје, туку со револуционерна мисла, знаење и реформи, насочени кон градење современа, демократска и европска Македонија.

„Ние немаме друга татковина, освен онаа на македонските револуционери. Должни сме да ја сочуваме и политички да ја вградиме таму каде што ѝ припаѓа – во Европа“, порача таа.

Претседателката ги повика граѓаните да го чествуваат празникот со чувство на гордост и одговорност, негувајќи ги вредностите врз кои е изградена државата – правото, правдата, етиката, солидарноста и рамноправноста.

„Нека ни е вековит празникот“, завршува честитката на Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија
Следна Статија Рaперот Диди нападнат во затвор – затвореник му ставил нож под грло

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Делото на Гоце Делчев е пример како треба да ја градиме заедничката татковина

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оддаде почит по повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Денес го…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот Даме Груев во беровско Русиново

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР формира кризен штаб поради состојбата на Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера е формиран…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?