Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Газдите имаат и до 10.000 евра профит од САМО ЕДЕН ВРАБОТЕН, а минималната плата тапка во место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Газдите имаат и до 10.000 евра профит од САМО ЕДЕН ВРАБОТЕН, а минималната плата тапка во место
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Газдите имаат и до 10.000 евра профит од САМО ЕДЕН ВРАБОТЕН, а минималната плата тапка во место

Објавено October 24, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, на социјалните мрежи сподели пресметка по сектори, колку компаниите имаат профит од само еден вработен.

Во продолжение целосната објава на Трендафилов:

ДА ПОМИСЛИШ ДЕКА ТРЕБА ДА ГИ ЖАЛИМЕ ГАЗДИТЕ

Газди кои 30+ години се активни чинители во државата, кукаат како нема работна сила, како без поддршка од државата не можело да се зголемуваат плати, бесрамно лажат дека немаат профит, бесрамно лажат дека ако се зголемеле платите ќе се затвореле компаниите, но и бесрамно кукаат дека нема работниците, кукаат истите тие кои ги избркаа работниците во изминатите 30 години, кукаат и не се срамат.

Истите тие газди бараа да се увезуваат работници, сега кукаат дека ни тие (увезените) не останувале повеќе од два до три месеци, па нормално дека нема да остануваат за таква мизерна плата !

Газдите лажат кога зборуваат дека не се продуктивни работниците затоа што нето добивките по вработен според податоците од НБРМ во македонските компании во 2024 година бележат значителен раст во однос на 2023 година.

Овие податоци недвосмислено ја докажуваат високата продуктивност на работниците, и го разобличуваат лажниот наратив на газдиве, па така:

• Во градежниот сектор нето-добивката по вработен изнесува 600.000 денари (безмалку 10.000 евра).

• Во трговијата, транспортот, складирањето и угостителството – 300.000 денари по вработен.

•Во индустријата – 200.000 денари по вработен.

•Во информациите и комуникациите – 400.000 денари по вработен.

•Во стручните и административни дејности – 300.000 денари по вработен.

•На ниво на цел корпоративен сектор – просек од 300.000 денари по вработен.

Овие бројки покажуваат дека секој работник не само што си ја заработува сопствената плата, туку дополнително:

• ја обезбедува и платата на директорите и менаџерите,

• го плаќа џипот и луксузниот живот на газдата,

• обезбедува пари за инвестиции,

• и пак му остварува добивка на газдата еднаква на околу една годишна работничка плата.

Газдите лажат и кога зборуваат дека се затварале фирмите, но според фактите од Централниот регистар од:

• 2022 година, кога ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, имаше 7062 нови фирми, а избришани или затворени 5694, во

• 2023 година, со минимална плата од 20.175 денари, имаше 7062 новоосновани, а само 3372 затворени, а во

• 2024 година, со покачување на минималната на 22.567 денари, имаше 6627 нови фирми и само 2891 затворена.

Овие бројки од Централниот регистар покажуваат дека со секое зголемување на минималната плата бројот на затворени фирми ОПАЃА, а бројот на новоосновани фирми расте, тогаш паѓаат во вода сите изговори дека нема простор за зголемување на минималната плата.

Нив (газдите) не ги загрижува тоа што од јануари 2026 година ќе има уште помалку работници, затоа што за попристојна плата нема да треба да се оди далеку, туку со лична карта преку граница, тука, во соседството, на неполни 100 км, каде што ќе има работа за 550 евра минимална плата во Србија, за повеќе од 500 евра минимална плата во Албанија. Но ги загрижува што барањето за зголемување на платите било само желботека.

Се прашувам што ќе ги загрижи повеќе, барањето за зголемување на платите или 24 часа генерален штрајк во Македонија за кој ќе бидат самите виновни?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје сега има прекар – мапа со симболични имиња на европските главни градови
Следна Статија Шефовите на државите од ЕУ сè уште не се договорија што да прават со замрзнатите руски средства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, наплата на социјалните придонеси, а не зголемување на пензиската граница

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од предлогот на Фискалниот совет за зголемување на пензискиот стаж за остварување…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Во декември 70% од даночните обврзници платиле во законски рок

Во текот на месец декември, даночните обврзници успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Амазон блокира 1.800 апликации за работа од сомнителни северно корејски агенти

Главниот безбедносен службеник на компанијата рече дека Северно Корејци се обиделе да аплицираат за работни места во областа на информатичките…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?