Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И Герасимовски се огради од Филипче – „тргајќи ја политиката настрана, очекувам победа во вториот круг“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > И Герасимовски се огради од Филипче – „тргајќи ја политиката настрана, очекувам победа во вториот круг“
ПОЛИТИКА

И Герасимовски се огради од Филипче – „тргајќи ја политиката настрана, очекувам победа во вториот круг“

Објавено October 24, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ изјави дека очекува победа во вториот круг од локалните избори, потенцирајќи дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години.

Тој нагласи дека лично им честитал на двете кандидатки кои не влегоа во вториот круг, додавајќи дека не разговарале за политичка поддршка, туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле.

„Сметам дека нивните идеи и предлози можат да се вклучат во нашата програма во следниот четиригодишен мандат. Верувам дека поголемиот дел од гласачите кои гласаа за нив ќе ми дадат поддршка и дека ќе имаме голем број гласови во вториот круг. Центарци знаат да проценат и да го изберат најдоброто, а тоа е концептот за Центар што заеднички го сакаме,“ изјави Герасимовски.

Запрашан зошто добил околу 2.500 гласа повеќе од советничката листа на СДСМ, Герасимовски посочи дека тоа е доказ дека граѓаните ја ценат неговата лична ангажираност и резултатите што ги постигнал во претходниот мандат.

„Граѓаните ја тргаат политиката настрана кога станува збор за локалната самоуправа и ја вреднуваат нашата заедничка работа. Поддршката е за човекот што четири години работеше за нив, а не за партијата. Центарците гласаа за личност, не за политика,“ рече тој.

Герасимовски истакна дека на овие избори имало околу 1.500 неважечки ливчиња, што е повеќе во споредба со претходните избори, и најави анализа на причините.

„Можно е дел од грешките да се направени ненамерно, а дел да се израз на револт кај одреден број граѓани. Анализата ќе ја покаже точната слика,“ додаде кандидатот за градоначалник на Центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарите и Грците најсиромашни во ЕУ
Следна Статија Почнува зимскиот ред на летање, 10 нови дестинации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка

Тежок инцидент се случи денеска во Кочани откако Аки Акиов, советник поддржувач на СДСМ, кој гласаше за в.д. Венко Крстевски,…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе

Претседателот на СДСМ е задоволен од развојот во партијата и вели дека таа по изборниот пораз веќе се кренала на…

December 24, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога (ФОТО)

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии…

February 2, 2025
ПОЛИТИКА

Демократите бараат блокирање на финансирањето на Homeland Security поради прашања поврзани со ICE

Законот за буџет треба да биде гласан во четврток, а не е јасно дали ќе има доволно поддршка да помине

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?