Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски од вечерашниот мини митинг во Дојран порача дека ова место му буди многу убави сеќавања и спомени од детството и дека еден од приоритетите ќе му биде токму ова населено место.
-Да направиме една рекапитулација на сето она кое се случуваше за време на овие локални избори, но и тоа што нè очекува во периодот кој е пред нас, со какви предизвици ќе се соочиме. Нема да биде лесно, ќе биде тешко. Не памтиме ние лесни времиња. Во суштина, има многу предизвици, но затоа сме ние да ги решаваме тие предизвици, не да се жалиме, затоа е ВМРО, затоа е оваа коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги решава проблемите, а не само да ги констатира, рече Мицкоски.
Тој посочи дека на овие локални избори граѓаните дадоа доверба на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во историски размери, како никогаш до сега.
-Ние се бориме за секој еден човек, се бориме за секое едно место. Еднставно, тоа е во нашиот карактер, никој не смее да биде оставен, за секого мора да се потрудиме до максимум и ќе продолжиме да се трудиме. Оваа бројка од 59 градоначалници да биде конечната на која ќе се радуваме на 2-ри ноември, рече Мицкоски.