Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев
СВЕТ

Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

Објавено October 25, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Германската министерка за економија Катерина Рајхе, мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, пренесува ДПА.

– Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население, изјави Рајхе денеска на прес-конференција во Киев.

Рајхе пристигна во Украина вчера со економска делегација во посета што ќе трае неколку дена.

– Нападите врз енергетскиот систем на Украина, вклучително и капацитетите за снабдување со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата претставуваат сериозна закана, рече германската министерка за економија. Таа вети дека Германија ќе помогне во обновата на уништената енергетска инфраструктура и „нема да го напушти украинскиот народ“.

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени во ноќешниот руски напад врз Киев.

Украинскиот ретседател Володимир Зеленски објави дека Русија употребила девет балистички ракети и десетици беспилотни летала.

Од почетокот на годината, Русија лансирала речиси 770 балистички ракети и повеќе од 50 крстосувачки ракети кон Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември
Следна Статија Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

Трамп и Зеленски седнаа на разговори во Ватикан. На маргините на погребот на папата Франциск, двајцата лидери ја искористија приликата…

April 26, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Околу 9:30 часот утринава комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанато се случи во близина на хотелот Матињон,…

October 7, 2025
СВЕТ

Во Париз почна итниот состанок за Украина, се огласи Кремљ

Десетина лидери на европски земји пристигнаа во понеделникот во Елисејската палата на итен состанок за Украина и одбраната, додека американскиот…

February 17, 2025
СВЕТ

Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги ослободи паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет тарифи, вклучително…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?