Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати

Објавено October 26, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг.

„Денот го завршуваме меѓу чаирчани – со гордост и енергија за најдоброто што доаѓа. Победата во првиот круг и огромната поддршка за вториот се јасна порака дека на Скопје не му се потребни повеќе експерименти, туку докажана работа, визија и резултати“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека неговиот тим има јасен и реален план за подобрување на животот во Чаир и во целиот град, меѓу кои изградба на монтажна катна гаража и проширување на булеварот „Цветан Димов“ за решавање на хроничниот проблем со паркирањето.

„Но ние не застануваме тука. Чаир ќе има поддршка од градот Скопје каква што досега не видел“, нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека во вториот изборен круг влегува со уште поголема енергија и мотивација за, како што рече, „историска победа во Скопје“.

Кандидатот заврши со порака на благодарност кон сите граѓани за искрената поддршка и довербата: „Најдоброто допрва доаѓа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вештачката интелигенција помешала чипс со оружје, тешко вооружена полиција опколи ученик во САД
Следна Статија Како да се изборите во недостатокот од енергија кога денот станува пократок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат, оствари средба со универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, на која…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?