Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Објавено October 26, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини.

-За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што очигледно е дека потребно посебно во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите за што ќе бидете известени, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.

Лидерот на СДСМ од Аеродром ги повика жителите на таа општина во вториот круг да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник Александар Трајановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална
Следна Статија Пијан возач поминал на црвено и убил цело семејство: Татко, мајка и син загинаа во Нов Белград (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Арбен Зибери ја напушти ДУИ, му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на ДУИ, д-р Арбен Зибери, внук на Насер Зибери, решил да го продолжи својот политички ангажман заедно со…

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот…

May 9, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг

Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров,…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?