Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза
ПОЛИТИКА

ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза

Објавено October 26, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Во нашата кампања, ниту еден кандидат не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето, тврдат од ВЛЕН, откако од Левица обвинија дека кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од оваа коалиција, Хаќим Рамадани, дава изјави што предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам.

Настапот на Рамадани го оцени како грешка и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочлувајќи дека таков себичен пристап немал досега никој во Македонија и дека тоа ќе се одрази на шансите на другите кандидати на ВЛЕН. Сепак, од ВЛЕН пораката ја Мицкоски за заобиколија.

„Со потсмев го гледаме обидот на Левица, партија позната по говор на омраза, анти-НАТО ставови и ултранационалистичка реторика, да држи лекции за соживот и толеранција. Иронијата е очигледна, токму тие што ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за шовинизам“,се вели во реакцијата на ВЛЕН.

Според коалицијата, вистинската иронија е што Демократската унија за интеграција (ДУИ), преку својот нов коалиционен партнер – Левица, избра да се фати за партија анти-НАТО, доживувајќи ја како последна сламка за политички спас.

„Таа комбинација на очај и лицемерие веќе доби одговор на 19 октомври, кога граѓаните со јасна порака им ја покажаа вратата и на едните и на другите“,пишува во соопштението од коалицијата.

Посочија дека секој обид да се стави ВЛЕН на исто рамниште со екстремистички партии е смешен уште од самиот почеток.

„Наместо да бараат внимание со лажен морализам, во Левица нека најдат храброст да побараат извинување за годините ширење омраза и поделби што им оставија трајни лузни на ова општество“, велат оттаму.

Инаку, кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Хаким Рамадани, повика Брвеница да биде „албанска општина“ што предизвика реакција кај Македонците особено што ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за ВЛЕН во неколку градови и не истакна свои.

Рамадани беше и во Хамбург, Германија, каде заедно со својот противкандидат од ДУИ, Енвер Пајазити побараа гласови за Албанците да победеле на локалните избори во Македонија. Рамадани потврди притоа дека соработува со ДУИ со цел да се победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Јовица Илиевски. Како што вели, „треба да се знае кој е газда на својата земја“ и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп потпиша историски договор со Малезија за ретки материјали
Следна Статија Возило заглави во подвозник во Тетово, поради надојдена вода од пороен дожд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во првиот круг

Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг, објави поранешниот градоначалник на Општина…

October 25, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса

Откривањето на незаконските активности на раководството на ВЛЕН, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето: ВМРО-ДПМНЕ ги…

June 4, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?