Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар
МАКЕДОНИЈА

Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар

Објавено October 26, 2025 20:31
Сподели
Сподели

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочуваат, претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите во руралните подрачја, но и во градот.

– Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – особено мечките – бараат повеќе храна за да се подготват за зимата. Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност, стои во известувањето на здружението.

Се додава дека без намера да се создаде паника, но со цел да се заштитат граѓаните, ја чувствуваат обврската да дадат неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации.

– Останете смирени – не правете брзи движења и не трчајте, повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот на животното, зборувајте со тивок и смирен глас, за мечката да разбере дека сте човек. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација. Доколку е на поголемо растојание, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи. Ако пак е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината, советуваат од здружението.

До жителите здружението и со совети што не треба да прават: Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот, не викајте и не ја провоцирајте, не ѝ приојѓајте за фотографии или видеа, никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно, не ја следете во шумата, не оставајте храна надвор од домот или објектите.

– Здружението на ловци е секогаш подготвено да им помогне на граѓаните и да соработува со надлежните институции за спречување на вакви случаи, порачуваат од здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд
Следна Статија Реал Мадрид ја прекина серијата на Барселона и го доби „Ел Класико“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата од СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: На Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може да…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре пеколно жешко со температура до 38 степени

Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени,…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?