Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам проблемот со сметот да се реши за 72 часа откако Орце ќе победи во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам проблемот со сметот да се реши за 72 часа откако Орце ќе победи во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со сметот да се реши за 72 часа откако Орце ќе победи во Скопје

Објавено October 27, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека смета оти проблемот со сметот во главниот град ќе има разврска, која што, како што рече ќе биде многу интересна. Мицкоски ова го посочи одговарајќи на новинарско прашање дали добил конкретни предлози од институциите во врска со решавањето на сметот во главниот град или пак ги чека активностите на Обвинителството, кое минатата недела започна постапка и дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.

-Мислам дека таму ќе има разврска, која што ќе биде многу интересна да ја следите, рече Мицкоски, денеска по посетата на ГОБ „8 Септември“, каде изврши увид на нова апаратура во одделот за физикална терапија и рехабилитација.

Тој во оваа прилика им се заблагодари на градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и Куманово за поддршката, што ја давале изминативе денови со механизација за чистење на сметот во Скопје.

-Во следние денови вторник, петок и сабота ќе продолжат и потоа очекувам, откако ќе победи Орце Ѓорѓиевски, кога ќе се примопредаде практично раководењето со градот Скопје, целтата работа со сметот да се нормализира и впрочем имаме ветувања 72 часа откако ќе го преземе управувањето на Градот Скопје дека сметот треба да биде комплетно исчистен и тоа да биде еден тековен процес, не да биде вест, туку нормална работа на институциите на Градот, истакна премиерот.

Главниот град изминатиот период беше „затрупан“ во ѓубре, контејнерите во повеќе скопски населби беа преполни со отпад, кој што се оставаше каде што ќе се стигне, а на некои места имаше отад и на пешачките патеки и на улиците околу контејнерите, со што беше отежнато движењето на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој во првиот круг на локалните избори на 19 октомври имаше најмногу гласови, порача дека штом ќе стапи на функција за 72 часа ќе го исчисти градот. Ѓорѓиевски, кој е и актуелен градоначалник на Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС минатата недела на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовскии свика состанок со сите скопски градоначалници со цел да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”.

-Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контењерите, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека во изминатите неколку дена сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании се обидувале да го амортизираме хаосот што го зафати градот.

Основното јавно обвинителство Скопје минатата недела соопшти дека веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.

Како што информираа од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба.

Владата, пак, претходно соопшти дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јувентус му врачи отказ на Тудор
Следна Статија Боки 13: СДСМ имаа вреќи со црни пари за кампањата за локалните избори 2017 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги потпиша Законот на основно образование и Законот за учебници

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ги потпиша Законот за основното образование иЗаконот за учебници, во кои термините „родова…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, во кое јасно се гледа…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори ,денеска испратија отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не ја укинува…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?