Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!
МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Објавено October 27, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој период во регионот, но и пошироко, според надлежните од Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола се повеќе од импресивни. Оттаму додаваат дека во рамки на 70-ина слоеви присутни во археолошката стратиграфија, се регистрирани мноштво подови од можни 16 неолитски градби подигани или обновувани една врз друга.

– Меѓу нив се открија и остатоци од земуници, огништа и помали печки, како и бројни фрагменти од садови, алатки, мелници и намерно кршени животински коски. Посебен куриозитет се откриените дрвени остатоци во најраните слоеви на населбата, а кои се релативно добро сочувани имајќи ја предвид сувата средина во која тие егзистирале. Овие дрвени остатоци, како и археоботаничките примероци, ќе подлежат на натамошни анализи за да се утврдат нивниот вид и нивната точна старост, а кои може да упатат и на едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа, додаваат од Центарот за истражување на предисторијата.

Археолозите посочуваат и дека годинава се истражуваше во контролна сонда во западниот дел на локалитетот, а со цел да се направи увид во археолошките слоеви и во стратиграфската динамика во овој дел од населбата.

„Истражувањето посочи дека ранонеолитските културни слоеви на овој локалитет се присутни во висина од дури 2.70 метри, што е зачудувачки со оглед на неговата старост и краткотрајноста на населбите во оваа етапа. Тоа значи дека во самите почетоци на неолитот, на Влахо се живеело прилично динамично и долго, што соодветствува и со неговата апсолутна хронологија во периодот меѓу 6400 – 6000 година пр. н. е, додаваат од Центарот.

Следува и втората фаза од проектот во која, посочуваат надлежните, ќе се вршат радиокарбон, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи на органските остатоци, а воедно и детално ќе се проучува материјалната култура. Повеќегодишните мултидисциплинарни археолошки истражувања на локалитетот Влахо се дел од соработката меѓу експерти од Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Битола, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот во Базел, Институтот Биосенс, Археолошкиот музеј на Македонија и Федералниот институт за технологија во Цирих. Годишните теренски истражувања и лабораториски анализи се поддржани од Министерството за култура и туризам и од Германскиот археолошки институт.

Инаку, локалитетот Влахо во Пелагонија е познат уште од 1970-тите години и внесен во регистарот на археолошки локалитети, како и во „Археолошката карта на Република Македонија“ публикувана во 1994 година. Потемелно почнува да се истражува во 2020 година кога е систематски рекогносциран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Да го е**м Кичево-вели Фатмир Дехари
Следна Статија СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар

Македонската математичка сензација Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар, Бугарија, каде учествуваше на меѓународниот математички натпревар…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам

Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам. Колку повеќе јазици знаете, толку сте…

April 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток

Опасно е да влеземе во забрана на апликации, како држава што се смета за европска, либерална, демократска и верува во…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?