Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
ЗДРАВЈЕ

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години

Објавено October 28, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се појави и во детската возраст, изјави проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија, каде на граѓаните денеска им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии во рамки на отворениот ден на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светски ден на мозочниот удар.

Таа рече дека кога некој има мозочен удар многу е битно времето и брзото препознавање на симптомите и знаците, односно одземен говор, искривување на лицето, парализа едната страна од телото односно на раката или на ногата и што побрзо пациентот треба да се донесе во најблиската здравствена установа односно на Клиниката за неврологија, каде доколку се работи за исхемичен мозочен удар во првите три до четири ипол часа од почетокот на симптомите може да се аплицира интравенска тромболиза, а тоа е средство за разбивање на тромбот. Во некои случаи, појасни таа, може да има главоболка, нестабилност, проблеми со гледањето и слично.

На Клиниката ги третираат и случаите на возраст над 14 години и тие се нивни најмлади пациенти.

– Мажите на возраст од 60 до 69 години се позасегнати, но како се зголемува возраста жените почесто страдаат од срцеви заболувања и атријална фибрилација, така што во повозрасната група жените се позасегнати за добијат мозочен удар. Споредено со последните неколку години не може да се каже дека е поместена границата, меѓутоа е интересно дека класичните фактори на ризик се присутни и кај помладата популација на возраст под 45 години, истакна д-р Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека мозочниот удар рано се дијагностицира со помош на неуро имиџинг дијагностички методи односно се прави компјутеризирана томографија на мозокот, имаат и протоколи како се бодираат и испитуваат пациентите и доколку ги исполнуваат инклузионите критериуми веднаш се пристапува кон аплицирање на  интравенска тромболиза.

Во посета на амбулантата каде се вршеа прегледите, а потоа и на Клиниката денеска беше министерот за здравство Азир Алиу. Тој се сретна со директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски.

– Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на мозочен удар, 29 октомври, Клиниката за неврологија во соработка со Министерството за здравство и Македонското невролошко здружение организира настан кој има едукативна цел односно подигнување на јавната свест за мозочниот удар како болест која е една од најчестите по инциденца и причина за смрт, но исто така е и болест број еден во светот за инвалидитет, па и кај нас. Задоволство ми е што има навистина голем одѕив. Во таа насока Клиниката за неврологија има обврска да го едуцира населението за мозочниот удар, за најчестите симптоми и третман. Мотото на одбележувањето е „Мозочниот удар се лекува“, рече д-р Божиновски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека сите пациенти во рамки на денешниот ден ќе бидат прегледани на новиот доплер на каротидни артерии.

Во однос на дијагностиката на мозочните удари, д-р Божиновски посочи дека имаат соработка и со Институтот за радиологија, но со оглед на бројот на пациенти не секогаш протокот на пациенти односно добивањето резултати е брз и едноставен.

– Во таа насока веќе има идеја да се набави магнет кој ќе биде за Клиниката за неврологија. На тој начин би се подобрил квалитетот на добивањето услуги и би се растоварил и Институтот, бидејќи тие пациенти кои бараат магнетна резонанца сега единствено се снимаат само таму. Јас сум само две недели на оваа функција и после вториот круг од локалните избори ќе разговараме со министерот за здравство доколку има можност да се набави и тоа би било заокружување на тој еден процес на дијагностика на нашите пациенти, додаде Божиновски.

Според д-р Арсовска, факторите на ризик за мозочен удар може да се поделат во две големи групи, а тоа се модифицирачки и немодифицирачки фактори, на кои не може да се влијаат, но може да се влијае на зголемениот крвен притисок, кој е најчест причинител за мозочен удар, зголемите вредност на шеќер во крвта, маснотии, заболувањата на срцето, крвните садови, пушењето, стресното живеење, аерозагадувањето. – Сите овие причинители можеме да ги спречиме и над 90 проценти од мозочните удари може на ваков начин да се превенираат, истакна Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот Алиу рече дека здравствениот систем не го гледаат само како систем за лекување, туку и како систем за превенција и затоа вакви денови посветени на прегледи за превенција од различни болести се многу битни и сакаат заедно да имаат интеракција со граѓаните со цел да ги информираат и едуцираат како побрзо да се препознаат симптомите за таков тип заболувања, каков начин на живеење и исхрана и активности треба да имаат за тие да се избегнат.

– Денеска сум фасциниран од инфраструктурата внатре на Неврологија и активностите кои ги има директорот бидејќи за кратко време успеа да се организира настанот и да се реорганизираат внатрешните процеси за да може да се оптимизираат услугите, додаде Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“
Следна Статија Помал данок за родителите со деца- Малта во обид да го зголеми наталитетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови

Сегашните решенија за промена на забите се инванзивни и честопати не успеваат целосно да ја обноват природната форма и функција…

July 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и…

December 23, 2024
ЗДРАВЈЕ

Јачмен за борба против холестеролот

Високиот холестерол е еден од главните фактори на ризик за развој на срцеви заболувања. Иако лековите можат да помогнат во…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?