Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Помал данок за родителите со деца- Малта во обид да го зголеми наталитетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Помал данок за родителите со деца- Малта во обид да го зголеми наталитетот
СВЕТ

Помал данок за родителите со деца- Малта во обид да го зголеми наталитетот

Објавено October 28, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Родителите на две или повеќе деца на Малта од следната година ќе плаќаат помал данок. Мерката е со цел да се поттикне наталитетот.

Министерот за финансии Клајд Каруана, во вчерашното обраќање пред пратениците, истакна дека екстремно ниската стапка на фертилитет кај малтешкото население е „најголемиот предизвик“ со кој се соочува земјата.

– Треба да охрабриме повеќе семејства да имаат најмалку две деца, рече Каруана, додавајќи дека од 2026 година, родителите на две или повеќе деца ќе бидат ослободени од данок на првите 18.500 евра приход.

Тој износ ќе се зголеми на 30.000 евра по родител од 2028 година, а даночните олеснувања ќе се применуваат додека децата не наполнат 23 години.

Според извештајот на европската статистичка агенција Евростат, во 2023 година Малта имала најниска стапка на фертилитет меѓу членките на ЕУ, 1,06. Иако е густо населена, со околу 1.704 луѓе на квадратен километар, речиси една третина од жителите на оваа островска држава се странски работници и нивните семејства.

Каруана во февруари изјави дека Малта има 406.000 локални жители, од кои 24 проценти се над 65 години.

Слични мерки во септември објави и Полска, каде што данокот беше укинат за семејства со најмалку две деца и приходи до 33.000 евра годишно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
Следна Статија Економски раст од 3,8%, инфлација 2,5 – Владата го усвои предлог буџетот за наредната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Борис Џонсон: Нетанјаху ми постави апарат за прислушување во бањата

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека е пронајден апарат за слушање во неговата приватна бања во Форин офисот, откако…

October 3, 2024
СВЕТ

Израел: Го убивме првиот човек на иранската армија

Војската на Израел тврди дека го убила началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран. Доколку оваа вест биде потврдена,…

June 17, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) ОРБАН: Фон дер Лајен и Вебер сакаат да ја соборат унгарската Влада и да инсталираат друга

Претседателката на Европската комисија и лидерот на Европската народна партија, Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер, објавија дека сакаат…

October 14, 2024
СВЕТ

Новиот директор на ФБИ го повика Конгресот да истражи како биле искористени парите испратени во Украина

Новоименуваниот директор на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Каш Пател, го повика американскиот Конгрес да истражи како биле искористени…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?