Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот определи 30 дена притвор за Рустеми и Саити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот определи 30 дена притвор за Рустеми и Саити
ХРОНИКА

Судот определи 30 дена притвор за Рустеми и Саити

Објавено October 28, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски и Јовановски на средби со граѓани на Кичево
Следна Статија Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Немал дозвола и пиел, па им избегал на полицајците

На 12.03.2026 во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Грчки државјанин уапсен на Богородица по барање на Интерпол Романија

На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.И.(41)…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Апелација му ја намали казната и прифати ново судење за возачот кој кај „Млечен“ го усмрти Иван Билински

За смртта на 15-годишниот Иван Билински, кој во 2014 година беше прегазен и усмртен на пешачки премин кај Млечниот ресторан…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?