Телевизискиот дуел меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Град Скопје предизвика бура од реакции од јавноста по сознанието дека еден од кандидатите нема факултетска диплома. Во „На дуел кај Иван“ на Телевизија Канал 5 се одржа дебата помеѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, а токму Амар потврди дека студиите по политички науки не му се финализирани.
Реакциите поделени! Дел од гласачите сметаат дека ова е голем минус за кандидатот на Левица, други сметаат дека подобро е никаква отколку купена диплома.
Еве дел од ставовите на јавноста:
😵💫 Како тоа Амар е политиколог а е недипломиран⁉️ https://t.co/eFESd7cRYg pic.twitter.com/WfJWRs4rzV
— ☀ М (@arozgj) October 28, 2025
Ништо не лажам, јас читам што пишува на официјалниот сајт на Собрание.
Да завршел, ќе пишувало како кај Крмов што има ЗАВРШЕНО гимназија или Апасиев што Е доктор на науки.
Ако некој има инфо кога завршил Амар, нека ме поправи и нека го поправи Собранието. pic.twitter.com/8x4HbgLxy3
Абе кај сте сега да го критикувате @NikolaNeloski еве самиот Амар Мециновиќ кажа дека не е дипломиран политикилог уште и нема стекнато 180 кредити.